Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци
Поради појава на магла видливоста во сообраќајот на патните правци Скопје – Куманово, Куманово – Скопје, Скопје – Катланово – Велес, Велес – Катланово – Скопје и Тетово – Гостивар е намалена на 50 до 100 метри, Тетово – село Гајре до 30 метри, Неготино – Демир Капија од 150 до 200 метри, Кичево – Охрид и Кичево – Македонски Брод од 100 до 150 метри и до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато.
Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.
Од ЈП „Македонијапат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
За сите подетални информации граѓаните можат да се јават на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или на веб страницата www.makedonijapat.com.mk
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива