Намалување на стапката на сиромаштија во 2018 година

Стапката на сиромашни лица во земјата лани изнесувала 21,9 отсто или околу 455 илјади граѓани, што претставува намалување во однос на 2017 година кога таа изнесувала 22,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Основа на пресметките на сиромаштијата, како што соопштуваат од ДЗС, се приходите, а прагот на сиромаштија е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22,0 отсто. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8,8 отсто додека стапката на сиромашни пензионери е 7,9 отсто.
Според ДЗС, Gini коефициентот, мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите, изнесува 31,9 отсто.
Стапката на сиромаштија за 2018 е иста како и во 2016 година.
Ново на Сител
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Кралот на Норвешка, Харалд хоспитализиран во Шпанија
-

На седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите
-

Мерц во прва официјална посета на Кина како канцелар на Германија
-

Трамп: Никогаш нема да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје
