Здравје
22. February 2024 - 12:48

Намирници што треба да се избегнуваат во борбата со висок притисок

Во борбата со висок крвен притисок, т.е. хипертензија, еден од најважните чекори е да се контролира вносот на сол. Натриумот е суштински минерал кој игра витална улога во одржувањето на рамнотежата на течностите, функцијата на нервите и мускулната контракција. Сепак, прекумерното внесување сол може да доведе до разни здравствени компликации, особено ако човекот веќе има висок притисок.

Јадењето храна богата со натриум, т.е. сол, може да ја влоши состојбата со притисокот и да ја зголеми опасноста по кардиоваскуларното здравје. Следат пет вида намирници со високо ниво натриум коишто треба да се избегнуваат.

Сирење

Тоа е извор на калциум и протеини, често богат со сол и заситени масти. Ова значи дека јадењето премногу сирење може да ја зголеми опасноста од срцеви болести – со зголемување на крвниот притисок и на холестеролот, пишува хрватскиот портал „Ординација“.

Советот на лекарите гласи: Одберете сорти сирење со малку натриум и консумирајте го умерено.

Некои видови зеленчук

Иако зелениот лиснат зеленчук е неверојатно корисен за здравјето, некои типови зеленчук, како целер, спанаќ, морков или цвекло, содржат повисоко количество сол. Во случај на постојано висок крвен притисок, овој зеленчук треба да се избегнува или да се јаде умерено.

Готови супи

За да се подобри вкусот и да се зачува производот, и многу готови супи се полни со сол.

Кисели краставички и конзервирани месни производи

Киселата зелка, краставички, туршија и другите ферментирани намирници обично се богати со сол поради процесот на отстојување. Како конзерванс и засилувач на вкусот, и солта во преработките од месо како виршли, колбаси, сланина и сувомеснати производи исто така е на високо ниво.

Леб, колачи

Некои лебови и печива, особено оние направени со рафинирано брашно, исто така, може да содржат поголеми количини сол. Советот на стручњаците тука гласи: Проверете ги етикетите и изберете ќесичка со низок удел на натриум.