Нападната најголемата воена болница во Авганистан

Главната авганистанска воена болница „Сардар Дауд Хан“, која се наоѓа во главниот град Кабул, денеска е нападната од неколку лица.
- Засега е познато дека неколкумина напаѓачи влегле во болницата, изјави портпаролот на авганистанското Министерство за одбрана, генерал Даулат Вазири.
Нападот започнал со канонада од истрели, проследени од експлозија околу девет часот по локално време.
- Бомбаш самоубиец го активирал експлозивот пред болницата, а потоа внатре влегле неколку вооружени лица и тие се уште се наоѓаат таму, истакна претставник на авганистанските безбедносни служби.
Еден од лекарите на клиниката ги повикал на Фејсбук сите да се молат за судбината на луѓето, кои се наоѓале внатре за време на нападот.
Засега нема информации за убиени и повредени и никој не преземал одговорност за нападот.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
