Македонија
9. јуни 2016 - 21:40

Нападнати полицајци во Тетово, двајца завршиле на Ургентен - Детали за инцидентот

Најновите информации говорат дека повредени се тројца полициски службеници, од кои двајца потешко при обид за апсење на лице во Тетово.

Полицајците биле нападнати со шипка откако се обиделе да лишат од слобода тетовец кој треба да издржи затворска казна.

Двајцата од нив се здобиле со тешки повреди и од Клиничкиот центар во Тетово биле пренесени на лекување во Скопје.