-->
-->
Нападнати полицајци во Тетово во два одделни инциденти
-->

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Е. (27) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Денеска, додека полициски службеник вршел служба на стражарско место во билизина на КПУ Затвор Тетово, дошол пријавениот со патничко моторно возило „Мерцедес“, се паркирал и откако излегол од возилото веднаш започнал вербална расправија со полицискиот службеник.
Набргу потоа интервенирала групата за интервенции која го привела А.Е. во ПС Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ш. (31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 05. минатиот месец, во Тетово на ул. „29-ти Ноември“, пред влезот на Клиничката Болница, поради настанат застој во сообраќајот, пријавениот кој бил совозач во патничко моторно возило „Опел Корса“ излегол од истото и се приближил до патничко возило „Фиат Линеа“,
сопственост на МВР на РМ, а во кое биле тројца полициски службеници, и започнал вербална расправија со истите.
Пријавениот, исто така, преку отворениот прозорец, физички го нападнал полицискиот службеник што го управувал возилото.
Пријавениот со нога удирал и по вратата на возилото.
Набргу потоа бил совладан од останатите полициски службеници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски
-

Апел за помош: Исчезната е Лидија од Скопје, последен пат видена во Црниче
-

ЕЦБ: Војната во Иран е тежок тест за финансиските пазари
-

Се менува демографската слика на ЕУ: Помалку млади, повеќе стари до 2100
-

Модриќ може да се пензионира по Светското првенство
