Нападнати жени во трафика во Велес

Двајца разбојници нападнале две жени во трафика во Велес и откако наишле на отпор избегале. Едната жена викала по нив, а другата ги замавала.
Од Јавното обвинителство информираат повеле истражна постапка против две лица за кривично дело разбојништво. На 13 февруари во вечерните часови, осомничените како соизвршители се обиделе да извршат разбојништво во трафика лоцирана на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес.
-На две жени кои се наоѓале во трафиката им се заканиле со пиштол и се обиделе да ја отворат касата. Едната оштетена започнала да вика, барајќи помош од полиција, додека другата се борела со двајцата разбојници. Кога не успеале да ја отворат фиоката, осомничените избегале без да ја реализираат својата намера, се наведува во соопштението на ЈО.
Основниот суд во Велес го прифатил предлогот на јавниот обвинител и на двајцата осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата
-

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат
-

„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево
-

Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето
-

Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел
-

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО
-

Париските власти забранија можна парада на навивачите на ПСЖ доколку ја освојат Лигата на шампионите
-

Ибрахимовиќ во бокс меч против Фјури на 1 август
