Нападот врз Мутков пресметка на криминални групи, полициските „Алфи“ се фузираат во интервентна единица
Во врска со инциднетот со Борис Мутков, познат како Фантом, кон кој било пукано вчера со автоматско оружје додека се возел со својот автомобил марка “мерцедес” во скопската населба Бардовци, според првичните сознанија, како што информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција, се работи за пресметки на криминални групи.
– Тоа се луѓе познати на јавноста по криминални активности. Но, оставам истрагата да покаже и да ги утврди сите факти и да се види дали има поврзност помеѓу групите, настаните…, одговори Спасовски на новинарско прашање дали има првични сознанија, дали тој напад има врска со нападот што се случи претходно во хотелот Александар Палас во Скопје.
Министерот Спасовски нагласи дека тоа лице го видел и во Собранието на 27 април.
Инаку, Борис Мутков беше осуден на осуммесечна условна казна затвор за упадот во Собранието од 27 април, заради учество во толпа.
Министерот за внатрешни работи Спасовски потврди дека полициските „Алфи“ согласно новата систематизација односно реорганизација, се формира посебна интервентна единица по примерот на повеќе европски држави, чија крајна цел е да има поголема видливост и активност на луѓето на терен.
– За фузијата на единиците за јавен ред и мир и на „Алфа“, се спојува во интервентна единица што ќе работи на заштита на јавниот ред и мир и безбедност на Скопје, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала