Нaродна банка: Можни се индиректни последици од случувањата во Украина

Треба да се продолжи со внимателно следење на ситуацијата, која се менува од час во час. Со оглед на малата поврзаност на нашата економија со економиите на Русија и Украина, не се очекуваат директни последици, но можни се индиректни. Најновите случувања влијаат особено на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата неизвесност може да ги влоши изгледите за раст на европската и на светската економија, констатира на седница Советот на НБ.
Од централната банка денеска соопштија дека стабилноста на финансискиот систем е поддршка на домашната економија.
Според НБ, заштитните механизми во нашиот финансиски систем се соодветни и тој ќе продолжи да функционира непречено и да овозможи поддршка на економијата. Руски или украински капитал не е присутен во сопственичката структура на нашите банки, така што од тој аспект нема изложеност врз стабилноста на домашниот банкарски систем.
На седницата на Советот е констатирано дека девизните резерви се во сигурната зона и обезбедуваат доволна девизна ликвидност на домашната економија и стабилност на домашната валута.
Оттаму укажуваат дека руски или украински капитал не е присутен во сопственичката структура на нашите банки, така што од тој аспект нема изложеност врз стабилноста на домашниот банкарски систем.
Според НБ, стабилноста на финансискиот систем е поддршка за економијата, особено во услови на сè поголеми предизвици кои доаѓаат од надворешното окружување.
На седницата на Советот на НБ се разгледани и други точки поврзани со редовното работење на Народната банка, при што се усвоени финансиските извештаи на Народната банка и Годишната сметка за 2021 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија. Според мислењето на независниот ревизор, финансиските извештаи ја прикажуваат објективно финансиската состојба на Народната банка, како и резултатите од работењето и паричните текови, во согласност со меѓународните стандарди за финансиско известување.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
