Народната банка со нови одлуки за поддршка на економијата

Советот на Народната банка одржа вонредна седница на која во согласност со своите надлежности донесе неколку одлуки, коишто се во насока на ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата, предизвикани од појавата на новата вирусна инфекција.
Советот,како што соопштуваат, донесе одлука за изменување на Одлуката за задолжителната резерва, со која, Народната банка повторно ја става во функција нестандардната мерка кај задолжителната резерва, со која се овозможува намалување на основата за обврската на задолжителната резерва во денари на деловните банки за износот на новоодобрените и реструктуираните кредити одобрени на претпријатија во дејности коишто согласно со информациите од Владата на Република Македонија ќе бидат најпогодени од ширењето на ковид-19. Се очекува мерката да има поттикнувачко дејство за непречена кредитна поддршка по поволни услови од страна на банките за најпогодените сектори.
Донесена е одлука за изменување на Одлуката за методологијата за управување со ризиците с која се одложува рокот во кој банките треба да го достават првиот Извештај за процесот на утврдување интерна ликвидност, со што, наместо до 31 мај, оваа обврска ќе треба да се исполни до 30 септември 2020 година. Со ова регулаторно олеснување, како што наведуваат од Наодната банка, на банките и на нивните тимови им се остава простор за поголема фокусираност на обезбедувањето кредитна поддршка на корпоративниот сектор и на населението, како и на одржување на квалитетот на кредитното портфолио.
Советот донесе одлука за изменување и дополнување на Одлуката за единствената тарифа на надоместоците за услугите што ги врши Народната банка со којашто се укинуваат провизиите што досега се наплатуваа за подигање и враќање на готовината во централниот трезор на Народната банка. Со ова се елиминираат сите трошоци за подигнување и враќање на ефективни пари. Ваквите промени се во насока на поддршка на процесот на управувањето со готовината, на начин којшто ги минимизира евентуалните ризици од пренесување на заразата преку овој канал.
Во понеделникот, на седницата на Комитетот за оперативна монетарната политика на Народната банка беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка на нивото од 1,75 отсто, што, според Народната банка, треба да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките.
-Народната банка ќе продолжи со голема внимателност да го следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, и нивните ефекти врз домашната економија, заради соодветно приспособување на политиките и адекватна и навремена реакција, стои во соопштеието.
Ново на Сител
-

Ограбен скопјанец кој побарал помош при вадење на пари од банкомат
-

Тетовец ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца
-

21-годишно момче со мотор загина во тешка сообраќајка кај Радишани
-

27 пакувања со марихуана пронајдени кај затвореник во Идризово
-

Момче паднало од тобоган и скршило вратен пршлен во Турција, со владиниот авион ќе биде вратено во Македонија
-

Тетовец продал камион за 11.000 евра на рати – останал и без камионот и без парите
-

Активни пожари во селата Могила и Ропотово, горат ниска вегетација и стрниште
-

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата го продолжи трендот на намалување и во јули изнесува 2,3 проценти
