НАСА: Во минатото на Марс имало езера

Научници на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) сметаат дека во минатото на површината на Марс имало езера, кои постоеле во период од неколку илјади години, објави магазинот „Сајнс“.
Според НАСА, повеќе локации на Марс, како што е кратерот Гејл, кој е со дијаметар од 154 километри, во минатото биле покриени со води, кои постоеле доволно долго за во нив да се формираат живи организми.
Еден од раководителите на проектот за истражување на Марс, „Кјуриозити“, научникот Џон Гроцингер од Калифорнискиот технички институт, вели дека ваквиот заклучок е извлечен врз основа на анализите кои покажале дека на површината на кратерот Гејл има седиментни карпи, што укажува дека тука во подолг период имало вода.
Според него, таа вода најверојатно потекнувала од дождови или од топењето на мраз.
- Штом имаме податоци за постоење на езера, тоа може да биде аргумент во полза на теоријата за можноста за постоење на живот (на Марс), вели Гроцингер.
Кон крајот на септември НАСА објави дека дошла до сознанија за постоење на вода на Марс.
Сепак научниците од Администарцијата посочија дека не станува збор за реки или мориња, туку само за хидрати - соединенија кои содржат молекули на вода.
Тие оценуваат дека оваа вода потенцијално би можела да биде средина во која би се развил живот.
Ново на Сител
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
-

Кој е човекот што пукаше на гала вечерата на Трамп со дописниците од Белата куќа
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
