Насилниците во М-НАВ поминале 3 бариери на обезбедување, Незири во контролната кула ги внел со своја картичка
Насилниците на Беким Незири поминале 3 бариери на обезбедување – портата во дворот на М-НАВ, влезната врата во зградата каде што пристап имаат само тие што имаат електронска картичка и во контролната кула каде што нема можност за движење без придружба. Но бандитите се движеле со Беким Незири од ДУИ, вработен во М-НАВ. Беким Незири е претседател на партискиот огранок на ДУИ во Чаир. Тој во време на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беше на неколку високи политички функции, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.
Според сведоци, како што пренесува порталот, Незири ги внел насилниците директно во радарската соба, отворајќи им со неговата електронска картичка. Таму се случил физички напад на дел од нив, затоа што излегле да му дадат поддршка на Тасевски, но и да изразат протест против самоволието на менаџментот предводен од директорот Фахрудин Хамиди.
Како што пишува порталот, во радарската соба има сигурносни камери, но контролорите на летање веднаш направиле копии од снимките плашејќи се дека некој од менаџментот може да ги избрише. При сличен ваков инцидент во 2010, во кој напаѓач исто така бил Незири, снимките од сигурносните камери биле избришани.
За нападот се интересирале и странските амбасади, а некои од нив го покренале прашањето како овој напад би се одразил на безбедноста на воздухопловите на НАТО.
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата