Настан по повод донесувањето на Декларацијата за активно политичко учество на граѓаните со хендикеп
Свечен настан по повод донесувањето на Декларацијата за активно политичко учество на граѓаните со хендикеп ќе се одржи денеска во Собранието во организација на Интер партиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп (ИППГ) и Техничкиот Комитет на ИППГ-„Полио Плус“ – движење против хендикеп, во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.
– Ефективното политичко учество на граѓаните со попреченост во процесот на донесување одлуки во државата во последните години е честа тема за дебата на меѓународно и регионално ниво. Согласно Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, граѓанските и политичките права, како и политичкото учество се клучен елемент за реализирање на правата на граѓанитесо хендикеп, се наведува во соопштението од ИППГ.
Покрај промоцијата на донесената Декларација за активно политичко учество на граѓаните со хендикеп, се планира од страна Техничкиот Комитет да бидат доделени Признанија на членовите на ИППГ за правата на граѓаните со хендикеп од составот 2017-2020.
Од ИППГ соопштија дека се очекува да бидат присутни претставниците на политичките партии, претставници на организациите кои работат на прашањето на човековите права, како и претставници на меѓународните институции.
Ново на Сител
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области