Настан по повод Меѓународниот ден на детето
Здружението за заштита на правата на детето денеска, со настан во Дневниот центар за деца на улица, ќе го одбележи Меѓународниот ден на детето.
Настанот е воедно дел од регионална кампања „Улицата не смее и не е дом за ниедно дете“.
Здружението за заштита на правата на детето како членка на Регионалната мрежа за деца вклучени во живот и/или работа на улица во Босна и Херцеговина (БиХ), Србија, Албанија и Македонија, се вклучи во спроведувањето заедничка информативна кампања, проект за сеопфатна заштита на децата на улица од југоисточна Европа „Save the children“, кој се имплементира во рамки на Регионалната мрежа.
Кампањата истовремено се спроведува во БиХ, Србија, Албанија и Македонија. На настанот ќе присуствуваат претставници од релевантни институции и невладини организации кои соработуваат со Дневниот центар, зо грижа и заштита на децата на улица
Ново на Сител
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди