НАТО: Формирање на Војска на Косово само во согласност со Уставот
Косовските институциите не треба да брзаат со трансформацијата на Безбедносните сили на Косово во вооружени сили, изјави во Приштина заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за операции, Џон Манза.
Тој одржа предавање на тема „НАТО и западен Балкан“ во организација на Косовскот центар за безбдносни студии.

Манза изјави дека Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јасно ставил до знаење дека трансформацијата на Безбедносните сили во армија треба да помине преку уставни измени.
- Мојот совет е дека најдобар начин да се гарантира трансформација на Безбедносните сили во вооружени сили е трансформација со воздржаност, чекор по чекор, а не со избрзани одлуки, изјави Манза, алудирајќи на иницијативата на косовскиот претседател Хашим Тачи за трансформација преку закон, но кој потоа беше повлечен од дневниот ред на Парламентот поради забелешките на НАТО и западните земји.
Според оценката на високиот претставник на НАТО, избрзаниот процес по ова прашање може да ја загрози воспоставената соработка и оти „НАТО бара овој процес да се спроведе во согласност со Уставот“.
- Доколку трансформацијата не се случи на правилен начин, може да ја загорози вкупната соработка. Појасно не знам како би ја кажал оваа порака, потенцирал Манза.
Тој додаде дека за време на посетата на Косово имал средби со полтички лидери, со претставници на граѓанското општество, граѓани и студенти за да се запознае како тие го гледаат НАТО и неговата улога на Косово.
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
