НАТО ќе ја објави одлуката за прием на Црна Гора

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ја објават својата одлука за упатување покана за членство на Црна Гора во Алијансата.
Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на неименувани извори во Брисел, вчера јави дека шефовите на дипломатиите на 28-те земји-членки на НАТО постигнале договор за прием на Црна Гора.
За претпладнево е закажана прес-конференција на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на која тој треба да ја соопшти одлуката на министрите.
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер вчера изјави Црна Гора „треба да биде охрабрена“ со расправата околу одлуката за нејзиниот прием во НАТО.
- Позицијата на Германија е јасна. Ние го поддржуваме упатувањето покана до Црна Гора и мислам дека и моите колеги се на иста линија, изјави Штајнамајер на маргините на дводневната министерска средба, што започна вчера.
Амбасадорот на САД во НАТО, Даглас Лут пак изјави дека независоно од одлуката за Црна Гора, мора да се има предвид дека „постојат уште три земји кои изразија јасна намера за приклучување“ кон Алијансата.
- Мислам дека министрите ќе разговараат и за напредокот на другите три кандидати. Тоа се Грузија, Босна и Херцеговина и Македонија, рече Лут пред почетокот на средбата.
Инаку, главни теми на вчерашниот прв ден од министерската средба на НАТО беа состојбата во Авганистан и односите меѓу Турција и Русија.
Ново на Сител
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
