Натпревари за „големото“ финале на Европското првенство во ракомет

На Европскиот шампионат во ракомет попладнево се играат дуелите за „големото“ финале и со тоа стартува завршниот викенд на првенството. Со големо внимание се очекува дуелот Хрватска – Германија.
Актуелниот светски вицешампион Хрватска, преку нивниот селектор Дагур Сигурдсон искажаа многу критики кон ЕХФ и организирањето, особено што во два дена играа два натпревара, а вчера имаа патување од Малме до Хернинг и притоа се сместени во Силкеборг на 40-тина километри од Хернинг.
Германија пак на првенството има два пораза, но кога треба да се одигра за резултат тие се подготвени.
Во второто полуфинале играат светскиот првак Данска и Исланд. Данската селекција сака да ги „обедини“ сите титули олимписката, светска и им недостасува европската. Секако сакаат и да стигнат до златото и со тоа да го заборават болниот пораз на Европското во 2014 во финалето од Франција. Исланд на овој дуел е аутсајдер, но токму тие ја пратија Шведска во дуелот за петтото место.
Денешната програма стартува со натпреварот за петтото место меѓу Португалија и Шведска (почеток 15 часот), потоа е дуелот Хрватска – Германија (почеток 17:45 часот) и на крајот е дуелот Данска – Исланд (почеток 20:30 часот).
МИА
Ново на Сител
-

Вајц: Кос треба да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е неразделен дел од евроатлантската безбедност, потребна е поголема отпорност на хибридни закани
-

Мицкоски од Дизелдорф: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања
-

Шестгодишно дете тешко повредено откако во него удрил камион во Скопје
-

Не застанал на полициски знак, удрил во службено возило, па нападнал полицајци во Липково
-

Насилство во автобус во Драчево: 27-годишник нападнал патници, возач и полицајци, оштетил и возило
-

Тошковски: За десет месеци 33 загинати помалку во сообраќајот
-

Извештај на ЕК: Македонија е целосно усогласена со ЗНБП и ги засили напорите за Реформската агенда, остануваат уставните измени
