Македонија
8. December 2018 - 22:42

Научен собир за 15-те тивериополски маченици

Култот на Светите 15 Тивериополски свештено маченици во средновековната и во поновата епоха, тема на тридневниот научен собир во Струмица.  Собирот на кој учествуваат триесетина еминентни професори и научници од повеќе институции  меѓу кои МАНУ, Институтот за национална историја, македонските универзитети и факултети нуди и опфаќа интердисциплинарен приод во истражувачката материја од повеќе научни дисциплини како што се историјата, теологијата, археологијата, историја на уметноста, книжевноста, народната традиција.

,, Во нашата секојдневна работа доаѓаме до сознанија оти на некои периоди од нашето минато треба да им се посвети дополнително внимание. Да истражиме нови моменти кои што може да ги збогатат нашите сознанија. Токму и тоа не поттикна да осмислиме еден ваков проект.,, вели ВАСИЛ ЃОРГИЕВ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР

Научниот собир доби поддршка и од Струмичката епархија. Епископот полјански Јаков вели дека тие го поздравуваат и поддржуваат секој стремеж за научна афирмација на црковното наследство.

,, Кога станува збор за Светите 15 Тивериополски свештено маченици и тоа како има што да се истражува, за што да се зборува оти периодот на прогоните на христијанството , на христијанските маченици е покриен со многу мистика, со многу тајни за разлика од оној период кога црквата излегува од катакомбите после миланскиот едикт.,, рече Г.ЈАКОВ ЕПИСКОП ПОЛЈАНСКИ

Научниот собир кој се одржува во пресрет  на празникот посветен на Светите 15 Тивериопосли свештено маченици, заштитниците  на градот Струмица е во организација на струмичкиот завод и музеј, а поддржан од министерството за култура.