Македонија
31. March 2016 - 8:42

Научна конференција „Зелен развој, инфаструктура и технологија“

Во наредните два дена, Скопје ќе биде домаќин на научната конференција „Зелен развој, инфаструктура и технологија“, посветена на животната средина на која ќе се дискутира за загадување на воздух, вода и почва, обновлива енергија, менаџментот со урбаниот и индустрискиот отпад, климатски промени, здравствени аспекти на загадувањето на животната средина, агро екологија и менаџирање со еколошки ризици.

На конфренцијата ќе учествуваат голем број научници од областа на животна средина од Европа и од САД.

Конференцијата, на која ќе бидат презентирани 230 трудови од 543 научници од 13 држави, ја организираат здружението „6-та ѕвезда“, Машинскиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии,  Технолошко -металуршкиот Факултет и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Пакомак од Скопје и најголемата балканска научна асоцијација, Балканската асоцијација за животна средина (БЕНА) и Центарот за истражување и развој ФУЕЛ од Скопје.