Научна конференција „Зелен развој, инфаструктура и технологија“
Во наредните два дена, Скопје ќе биде домаќин на научната конференција „Зелен развој, инфаструктура и технологија“, посветена на животната средина на која ќе се дискутира за загадување на воздух, вода и почва, обновлива енергија, менаџментот со урбаниот и индустрискиот отпад, климатски промени, здравствени аспекти на загадувањето на животната средина, агро екологија и менаџирање со еколошки ризици.
На конфренцијата ќе учествуваат голем број научници од областа на животна средина од Европа и од САД.
Конференцијата, на која ќе бидат презентирани 230 трудови од 543 научници од 13 држави, ја организираат здружението „6-та ѕвезда“, Машинскиот факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошко -металуршкиот Факултет и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Пакомак од Скопје и најголемата балканска научна асоцијација, Балканската асоцијација за животна средина (БЕНА) и Центарот за истражување и развој ФУЕЛ од Скопје.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен