Научници докажаа дека луѓето можат да учат додека спијат
Швајцарски научници открија дека луѓето додека спијат можат да запаметат сосема непознати зборови.
Додека спие, човекот може несвесно да научи нови зборови и да прави асоцијации со познати концепти. Ова го потврдија швајцарските психолози професорката Катарина Хенке и нејзините колеги Марк Кутст и Симон Рух.
Тројцата истражувачи од Берн го извршија следниов експеримент со 41 волонтер: во состојба на сон, во слушалки им пуштале неколку зборови, од кои едниот е измислен, а другиот е постоечки концепт.
Откако се разбудиле, учесниците во експериментот биле во можност да ги повторат зборовите и да имаат конкретна идеја за нивното значење.
Ако новите зборови биле повторувани на учесниците во експериментот додека се во фаза на длабок сон т.н. Up State – 60 отсто од нив точно одговориле на нивните прашања.
Во таа фаза на спиење сите мозочни клетки „работат” заедно. Но, тоа трае многу кусо – само половина секунда. И тоа се менува со т.н. фаза на Down-State, при што нема активност меѓу различните делови на мозокот.
Марк Цјуст, еден од авторите на студијата, предупредува, сепак, дека резултатите од експериментот не треба да бидат погрешно протолкувани.
-Да, експериментот покажува дека сме способни да научиме нови концепти и прилично несвесно, но тоа не значи дека ноќе мораме да го бомбардираме нашиот мозок со чудни зборови во надеж дека ќе се сетиме на еден од нив. Ова дефинитивно го попречува здравјето на спиењето, предупредува тој.
Според него, важен заклучок од експериментот е дека очигледно е дека човекот може да учи несвесно и тоа може да помогне во лекувањето на разни болести.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп