Научник тврди дека пронашол знаци за постоење на паралерен универзум

Идејата за постоење на паралелен универзум постои одамна, но доказите за тоа упорно им бегаат на научниците. Но еден космолог тврди дека е на прагот за наоѓање докази кои би го потврдиле постоењето на овој интересен и никогаш докажан феномен.
Научникот Ранга-Рам Чери од Калифорнискиот институт за технологија, кој дошол до овие докази, вели за да се разбере за што се работи неопходно е да се знае како настанал универзумот, а тоа е познатата теорија на Големата експлозија (Биг бенг).
Она што космологот Чери го пронашол е „испакнување“ во вселенското зрачење што е доказ за постоењето на паралелен универзум.
Научникот верува дека при судрување на различни универзуми доаѓа до појава на „меурчиња“ кој ги забележал во своето истражување.
Сепак, космологот е скептичен за своето откритие, и вели дека веројатноста е 30 проценти дека има траги од големото откритие и дека тоа што го открил може да биде само голема дамка од вселенска прашина.
Космологот Чери вели дека засега се е хипотеза, но вложен е голем труд. Ова потенцијално откритие најверојатно ќе ја добие својата потврда за 15 до 20 години, кога ќе стапи на сцена следната генерација научници кои ќе работат со помодерна технологија од денешната.
- Потрагата за друг универзум е предизвик, нагласи Чери.
До ова сознание Чери дошол благодарение на моќниот Планкт телескоп кој се наоѓа во Европската Вселенска Агенција.
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
