Наумов: Во ноември јавниот долг ќе се зголеми за 12,2 милиони евра

Дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов денеска изјави денеска дека Министерството за финансии во ноември продолжува со зголемување на јавниот долг за нови 12,2 милиони евра.
- И покрај тоа што во периодот од 8 ноември 2016 година до 15 ноември 2016 година за кога е планирано ново задолжување на домашниот пазар на капитал не доспеваат долгови за враќање, министерот за финансии на аукцијата на домашни хартии од вредност на 8 ноември 2016 година побарува 12.2 милиони евра. Односно јавниот долг ќе го зголеми за нови 12.2 милиони евра, вели Наумов во пишаната изјава.
Според него, јавниот долг поради ова темпо на задолжување ги надмина критичните 50 отсто од БДП, граница која Меѓународниот монетарен фонд препорача да не се надминува.
Ново на Сител
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
