-->
-->
Навивачи на Ливерпул бараат Александар-Арнолд да не игра до крајот на сезоната
-->
Навивачите на Ливерпул се свртеа против Трент Александер-Арнолд откако стана јасно дека тој е блиску до заминување од „Енфилд“ во Реал Мадрид како слободен играч.
Дефанзивецот беше предмет на интензивни шпекулации во поголемиот дел од сезоната, бидејќи договорот на играчот истекува на крајот од кампањата. Се чини дека тој нема да го продолжи договорот со „црвените“, што ги налути приврзаниците на Ливерпул.
Многу навивачи не сакаат Александар-Арнолд да игра до крајот на сезоната и инсистираат тренерот Арне Слот да не го пушта во игра.
Десниот бек моментално има повреда на скочниот зглоб, која ја заработи на реваншот против ПСЖ во Лигата на шампионите. Трент Александер-Арнолд досега има 349 настапи за Ливерпул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ бара Судски и Советот на јавни обвинители да го преиспитаат предметот за Теодора
-
Истражување: Секоја петта објава на политичките партии содржи штетен наратив
-
Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните трошоци
-
Секоја втора жена не работи
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче