-->
-->
Назор: Игравме агресивно и мудро и затоа убедливо го совладавме Карпош Соколи
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром против најголемиот противник за висок пласман ја остварија највисоката победа досега во Супер лигата. Тоа беше причина за задоволство кај тренерот Анте Назор.
- Знаевме дека мора да играме агресивно во одбраната за да дојдеме до посакуваната победа и задоволен сум што тоа и се случи на паркетот. Уште на почетокот на сезоната кажав дека клуб кој се бори за титула мора да игра максимално агресивно во дефанзивата, за да може полесно и помудро да ги организира нападите. Брзо ја научивме лекцијата од пресметката со Работнички. Карпош Соколи е одлична офанзивна екипа и наша задача беше да го намалиме нивниот број на постигнати поени и да им изнудуваме избрзани шутеви. Тоа ни успеа и среќен сум што натпреварот се движеше според нашиот план. Ова е прв пат да ги победиме со голема разлика, треба да продолжиме да играме со овој ритам и успесите само ќе си доаѓаат, изјави Назор.
МЗТ Скопје Аеродром со триумфот на Карпош Соколи ја осигура пол-позицијата пред плејофот и сега чека разврска околу тоа која екипа ќе заврши како четврта и ќе им биде противник во полуфиналето од доигрувањето кое почнува на 5 мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз