НБ: Раст на цените на становите од 12,4 проценти во првиот квартал годинава
Цените на становите во првиот квартал годинава бележат раст од 12,4 проценти на годишно ниво, а на квартално за 2,9 проценти, покажуваат податоците на Народната банка.
Во првиот квартал лани беше регистрирано зголемување на цените на становите за 3,2 процента, во вториот за 4,1 процент, во третиот за 5,8 проценти, а во четвртиот за 11,2 процента.
Извештајот на НБ за монетарните движења во март годинава покажува дека кај одобрените станбени кредити на физички лица е забележан месечен раст од 1,5 проценти, при годишен раст од 15,8 проценти.
Од вкупно издадените 250 одобренија за градба во март годинава, 138 се наменети за објекти за високоградба.
Во периодот јануари – декември лани во базата на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности се внесени 33.270 трансакции, од кои 25.010 продажби на недвижности во вредност од 914 милиони евра и 8.260 закупи на недвижен имот.
Ново на Сител
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари
-
ЗНАМ почнува преговори со ВМРО-ДПМНЕ за соработка на локалните избори
-
Левица бара да нема застареност
-
Хрватски искуства на патот кон ЕУ: Политичкиот консензус услов за реформи
-
Културните работници на протест поради доцнењето на мартовската плата
-
Царините на Трамп негативен шок за глобалната економија
-
Скопската брза помош го вклучи алармот – ако нема вработувања не знаат како ќе работат летото