-->
-->
НБА: 60 победи за Г.Стејт
-->

Убедливите победи на Хјустон, Вашингтон и Окалхома, 60-от триумф на Голден Стејт и поразот на Кливленд во Солт Лејк Сити ги обележаа натпреварите кои во ноќта меѓу понеделникот и вторникот се одиграа во НБА лигата.
Најдобриот играч во лигата, Стеф Кари, на својот 28-ми роденден го предводеше Голден Стејт до триумф над Њу Орлеанс 125:107. Кари мечот го заврши со 27 поени, пет скокови и пет асистенции.
„Целта ми е константно да напредувам, да бидам сé подобар и подобар. Никогаш не се задоволувам со моменталната состојба. Претпоставувам дека сум на врвот на својата кариера. Скорот од 60 победи и шест порази звучи добро, тоа е големо достигнување“, рекол Кари.
Актуелните шампиони први стигнаа до 60 победи сезонава и на 16 мечеви до крајот на сезоната се во поход на рекордната сезона на Чикаго. Булси со Мајкл Џордан сезоната 1995/96 ја завршија со 72 победи и 10 порази.
Јута успеа да слави против лидерот во Источната конференција, Кливленд. Џезерите победија со 94:85 благодарение на серијата 16:2 во последната четвртина. Во таа серија Тери Лејс постигна 10 од своите 12 поени, додека најефикасен кај Јута беше Родни Худ со 28 кошеви.
Кливленд и по овој пораз остана лидер на Истокот, но сега има само една победа повеќе од Торонто кој беше поразен од Чикаго 107:109. Мекдермот го предводеше Чикаго, тој 27 од своите 29 поени постигна во второто полувреме.
Хјустон го декласираше десеткуваниот Мемфис, победувајќи со 49 поени разлика (130:81). Во триумфот на Хјустон дури девет кошаркари постигнаа двоцифрен број поени.
Оклахома го прегази Портланд (128:94), а Расел Вестбрук запиша уште еден „трипл дабл“, тој мечот го заврши со 17 поени, 10 скокови и 16 асистенции.
Феникс славеше против Минесота 107:104, со тројката на Мирза Талетовиќ постигната на 1,2 секунди до крајот на мечот. Триумфот над Минесота е само втор за Феникс во изминатите два месеци, а прв по 27.февруари.
Резултати: Голден Стејт-Њу Орлеанс 125:107, Јута-Кливленд 94:85, Феникс-Минесота 107:104, Шарлот-Далас 96:107, Мајами-Денвер 124:119, Торонто-Чикаго 107:109, Хјустон-Мемфис 130:81, Оклахома-Портланд 128:94, Вашингтон-Детроит 124:81.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
