-->
-->
НБА: Блескава ноќ на Вучевиќ
-->
Орландо Меџик, против Чикаго Булс, го забележаа деветтиот триумф во 23 меч оваа сезона. Дуелот го обележа репрезентативецот на Црна Гора, Никола Вучевиќ, кој ја одигра најдобрата партија во кариерата. Орландо славеа над Чикаго со 123-119.
Орландо, во најголемиот дел од натпреварот со Чикаго, ја имаа предноста. Булс, кратко во втората четвртина имаа водство, а потоа опасно се заканија во финишот на мечот, меѓутоа Вучевиќ и Фурние го одбија тој налет на противниците.
Вучевиќ натпреварот го заврши со 43 поени и 19 скокови, Еван Фурние постигна 20. Чикаго го предводеше Зек лавин со 26 поени и осум асистенции.
Торонто Репторс приредија мало изненадување со победата во Бруклин 123:117. Бруклин Нетс на овој меч не може да сметаат на Кевин Дурент, а на теренот не се истакнаа посебно другите две ѕвезди Џејмс Харден и Кајри Ирвинг.
Хареден забележа 17 пиеби, 12 асистенции и седум скока, додека Ирвинг имаше 15 поени и по пет скока и асистенции. Најефикасен кај Нетс беше Џо Херис со 19 поени.
Торонто до победата го предводеа Паскал Сијакам (33 поени, 11 скокови) и Кајл Лаури (30 поени, 5 скока, 7 асистенции).
Резултати:
Индијана-Њу Орлеанс 113:114
Кливленд-Милвоки 123:121
Шарлот-Јута 121:138
Мајами-Вашингтон 122:95
Оклахома-Минесота 103:106
Финикс-Детроит 109:92
ЛА Клиперс-Бостон 115:119
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите