НБА: Феникс прв влезе во плеј-офот

Финикс Санс први изборија место во плејофот во НБА лигата. Санс, славеа убедлива победа во Мајами 111:90, во пресметката на првопласираните тимови во своите Конференции.
Девин Букер, се врати во тимот на Финикс, откако поради коронавирусот, пропушти четири натпревари. Тој со 23 поени, осум скока и девет асистенции, го предводеше својот тим до победата. Микел Бриџис постигна 21 поен, а Диандре Ејтон забележа 19 поени и 10 скокови.
Мајами го предводеа Данкан Робинсон со 22, односно Тајлер Хироу и Бем Адебајо со по 17 поени.
Финис се лидери на Западот и воопшто во НБА лигата со 53 победи и 13 порази. Мајами останаа на првото место во Источната конференција со 44 победи и 23 порази.
Изминатата ноќ, лошата низа ја продолжија ЛА Лејкерси. Леброн Џејмс забележа трипл-дабл (23 поени, 14 скокови, 12 асистенции), Расел Вестбрук постигна 30 поени, но тоа не беше доволно „езерџиите“ да го победата последно пласираниот тим на Западот, Хјустон.
Џејлен Грин со 32 поени, го предводеше Хјустон до победата во продолжението од 138:130.
Лејкерси имаат скор од 28 победи и 37 порази, Хјустон се на 17 победи и 49 порази.
Ново на Сител
-

МОН финансира по 600 илјади денари за 14 македонско-австриски научни проекти
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
