-->
-->
НБА: Филаделфија и натаму без победа
-->
Филалдефија и понатаму е единствениот тим во НБА лигата кој од почетокот на сезоната нема забележано победа. 76-те, во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, загубија од Далас (86:92). Оклахома загуби во Мемфис (114:122), во натпревар во кој блескаше Расел Вестбрук.
Вестбрук одигра брилијантен натпревар постигна 40 поени (шут од поле 13/19, шут за три 5/8) на кои придодаде 14 асистенции, но Оклахома не успеа да победи во Мемфис. Во отсуство на Кевин Дурент, Вестбрук на теренот поддршка доби само од Серж Ибака (18 поени) но тоа беше недоволно да Оклахома да слави во Мемфис.
Марио Чалмерс со 29, од кои 16 постигна во последната четвртина и Мајк Конли со 22 поени, го предводеа Мемфис до шесттата сезонска победа.
Резултати: Филалдефија-Далас 86:92, Сан Антонио-Портланд 93:80, Хјустон-Бостон 95:111, Мемфис-Оклахома 122-114, Чикаго-Индијана 96:95, Феникс-ЛА Лејкерс 120:101.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка