Кошарка
11. јуни 2016 - 8:54

НБА - финале: Голден Стејт на една победа до одбрана на титулата (3-1)

Кошаркарите на НБА првакот Голден Стејт се на една победа до одбрана на титулата откако во натпреварот број 4 како гости го победија Кливленд со 108:97 (29:28; 21:27; 29:22; 29:20) и поведе со 3-1 во победи.

Најефикасен на дуелот беше Стеф Кари со 38 поени, додека Клеј Томсон реализираше 25.
Кај домашните Кајри Ирвинг постигна 34 поени.
Голден Стејт на овој натпревар постигна рекордни 17 „тројки“ во едно финале.
Следниот натпревар се игра на 13.јуни на теренот на Голден Стејт.