-->
-->
НБА - финале: Голден Стејт поведе против Кливленд (1-0)
-->

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1-0 во добиени натпревари откако ноќеска во првиот натпревар од финалето го победија Кливленд со 104:89 (28:24; 24:19; 22:25; 30:21). Ова воедно е дуел „реприза“ на ланското финале.
Натпреварот беше во знак на играчите од „втор план“. Клупата на Голден Стејт постигна 45 поени, наспроти таа на Кливленд која имаше само 10.
Шон Ливингстон кај Голден Стејт реализираше 20 поени, а Дрејмонд Грин имаше 16 поени и 11 скокови. Стеф Кари и Кајл Томсон постигнаа по 11 односно 9 поени.
Кај Кливленд најефикасен беше Кајри Ирвинг со 26 поени, а Леброн Џејмс имаше 23 поени, 12 скока и 9 асистенции, додека Кевин Лав постигна 17 поени.
Следниот натпревар се игра на 5.јуни вечерта меѓу недела и понеделник.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
