НБА го претстави новиот формат на Ол-стар натпреварот

НБА објави промена во форматот на Ол-стар натпреварот, кој ќе се одржи во Лос Анџелес на 15 февруари 2026 година.
Натпреварот ќе се игра во формат „САД против Свет“. Наместо традиционалниот натпревар меѓу двете конференции, сега ќе се натпреваруваат три екипи од по осум играчи: два американски тима и еден составен од играчи од други земји.
Секој тим ќе започне со петте играчи кои добиле најмногу гласови од навивачите, новинарите и играчите. Секој тим ќе има и три резерви.
Првите три четвртини од Ол-стар натпреварот се закажани како кружен турнир помеѓу три екипи, при што секој тим ќе игра двапати. Најслабата екипа ќе отпадне, а останатите две ќе се соочат во последната четвртина. Во случај на ист број победи по првите три четвртини, ќе победи тимот со поголема кош-разлика.
МИА
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
