-->
-->
НБА: Хјустон и Чикаго остануваат во игра за плеј-оф
-->

Хјустон и Чикаго забележаа победи против Оклахома, односно Милвоки со што ги задржаа шансите за пласман во плејофот во НБА. Во ноќта помеѓу неделата и понеделникот најдобриот индивидуален учинок го имаа Џејмс Харден кој против Оклахома постигна 41 поен, односо Стеф Кари кој на Портланд му уфрли 39 кошеви, како и неговиот соиграч Дрејмонд Грин кој забележа „трипл дабл“.
Хјустон оствари важна победа во дуелот со Оклахома (118:110) и со скор 38-39 се наоѓа на деветтото место во Западната конференција. Пред Хјустон се Јута и Далас со скор 39-38.
Џејмс Харден блескаше против Оклахома, постиг а 41 поен (12/25 од поле). Кевин Дурент со 33 поени, односно Расел Вестбрук со 19 поени, 13 скокови и девет асистенции беа најдобрите играчи кај Оклахома.
Чикаго забележа значајна победа во Милвоки 102:98 и ги задржа минималните шанси дека до крајот на сеозната ќе избори пласман во разигрувањето. Чикаго е деветти на Истокот (39-38), со две победи помалку од Детроит и Индијана.
Џими Батлер со 25 поени и осум скокови беше најефикасниот во триумфот на Булси, доодека Милвоки го предводеше Јанис Адетокумбо со 34 поени.
Голден Стејт, по неочекуваниот пораз од Бостон, го декласира Портланд 136:111. Вориорс имаат 69 победи и осум порази и во последните пет средби им се потребни четири победи за да го соборат рекородт на Чикаго (72-10).
Стеф Кари постигна 39 поени, а Дрејмон Грин го оствари 13-от „трипл дабл“ во сезоната (22 поени, 10 скокови, 10 асистенции).
Резултати: Орландо-Мемфис 119:107, Феникс-Јута 86:101, Милвоки-Чикаго 98:102, Њујорк-Индијана 87:92, Голден Стејт-Портланд 136:111, ЛА Лејкерс- Бостон 100:107, Бруклин-Њу Орлеанс 87:106, Кливленд-Шарлот 112:103, АЛ Клиперс-Вашингтон 114:109, Минесота-Далас 78:88, Хјустон-Оклахома 118:110.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Адвокатите бараат измени на обвинението за пожарот во кочанската дискотека
-

Мицкоски: Нема селективна правда и недопирливи, системски се бориме против криминалот
-

СДСМ: 5 тони дрога поминале низ Македонија - кој ќе одговара за картелскиот скандал?
-

Левица со законски решенија за подобрување на работничките права
-

Се уште не се знае по кој модел ќе се гради Чебрен и Галиште
-

Во Прилеп се чистат речните корита за да се спречи нивно излевање
-

Во очекување на корекција на цената, оризарите протестот го ставија во мирување
-

Свеста за органодарителството сеуште на ниско ниво
