НБА: Јута го продолжи договорот со тренерот Харди

НБА лигашот Јута Џез објави денеска дека главниот тренер Вил Харди потпишал продолжување на договорот што би можело да го задржи на клупата до сезоната 2030/31.
Харди ќе ја почне својата четврта сезона на клупата на Јута наесен.
„Лидерството на Вил беше непроценливо за нашата програма. Тој постави јасна визија за нашите играчи, изгради солидни основни вредности, натпреварувачки навики и менталитет на постојано подобрување. Тој е еден од најперспективните млади тренери во лигата и ние сме исклучително среќни што го имаме“, рече генералниот менаџер на Џез, Дени Ејнџ.
Во своите први три сезони на клупата на Јута, Харди имаше резултат од 85 победи и 161 порази. Тимот не успеа да се квалификува во плејофот ниту еднаш во тој период.
Во неговата прва сезона Јута извојува 37 победи, следната година 31, додека во штотуку завршениот регуларен дел од сезоната Јута забележа само 17 триумфи – најлошиот настап во историјата на франшизата и најлошиот резултат во НБА оваа година.
Јута ја заврши сезоната со најмладиот тим во лигата, а во последните недели во тимот немаше повозрасен кошаркар од 27 години.
„Ја сакам Јута и организацијата на клубот и сум исклучително благодарен за можноста да продолжам да го водам овој тим“, рече Харди во соопштението објавено од клубот.
„Верувам во она што го градиме. Имаме талентирана група тренери и луѓе кои работат заедно за да изградат шампионска програма за нашите неверојатни навивачи“, рече Харди.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
