НБА: Лаури промаши шут за титула

Кошаркарите на Голден стејт вориорс забележаа победа во Торонто над Репторс 106:105 и ја намалија предноста на ривалите во борбата за титулата на 3-2.
Репторси не ја искористија првата меч-топка, Вориорси успеаја да се изборат со сите проблеми во текот на мечот, запишаа победа и ја вратија серијата во Оукленд.
Кошаркарите на Торонто потоа како да се исплашија од титулата и во последните три минути постигнаа само два поена, Кари и Томпсон на спротивната страна погодија три тројки, а Лаури не го погоди шутот за победа, откако Казинс направи фаул во напад.
Инаку, Вориорси во текот на мечот останаа без Дурент. Крилниот играч беше во тимот, но одигра нецели 12 минути и во вториот период ја напушти играта. Во последниот период актуелните шампиони останаа и без центарот Луни.
Вориорси до победата ги предводеше Кари со 31 поен, осум скока и седум асистенции, Томпсон забележа 26 поени, шест скока и четири асистенции, Грин беше на две асистенции до трипл-дабл (10 поени, 10 скока, 8 асистенции), а Казинс уфрли 14 поени. Дурент за 11 минути и 57 секунди постигна 11 поени.
Кај Репторси се истакнаа Ленард со 26 поени и 12 скока, Лаури со 18 поени и Гасол со 17 поени.
Шестиот меч на програмата е в петок во три часот по средноевропско време.
Ново на Сител
-

Лидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче
-

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал
-

Најмалку 22 луѓе загинаа откако кран падна врз воз на Тајланд
-

Презентација на Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025-2030
-

Зеленски: Тешка ситуацијата во Украина
-

Трамп: САД ќе реагираат решително ако Иран започне егзекуции
-

Без вода објектите на МНТ, Министерството за транспорт и Управата за матични книги
-

Без струја дел од Центар и Аеродром
