Кошарка
3. February 2016 - 9:54

НБА лига: Победа број 10 за ЛА Лејкерс

 

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја постигнаа 10.та победа во сезонава во НБА лигата откако на домашен терен ја совладаа Минесота. И покрај триумфот „ерзерџиите“ се екипа со најслаб биланс на „Запад“ со скор 10-41, додека Минесота и Феникс имаат скор 14-36.

Ветеранот Коби Брајант потсети на своите најдобри денови постигнувајќи 38 поени (седум тројки).

Помалку победи од повеќекратниот првак има само Филаделфија од Источната конференција - 7 победи 41 пораз.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
ЛА Лејкерс - Минесота 119:115, 
Портланд - Милвоки 107:95, 
Феникс - Торонто 97:104,
Хјустон - Мајами 115:102,
Њујорк - Бостон 89:97.