НБА натпреварите се вратија на кинеската телевизија
– Кинеската државна телевизија CCTV емитуваше денеска за прв пат во последните 18 месеци натпревар од кошаркарската НБА лига, пробудувајќи надеж дека односите меѓу Лигата и Кина се затоплуваат по расколот во 2019 година.
Последен пат кинеската телевизиска куќа емитуваше натпревар од НБА во октомври 2020 година.
НБА, еден од најпопуларните американски извозни производи во Кина, секоја година заработува стотици милиони долари од своето присуство на кинескиот пазар, но децениското партнерство со CCTV беше разнишано во октомври 2019 година.
Повод беше објавата на Твитер на генералниот менаџер на Хјустон Рокетс, Дарил Мореј, за поддршка на протестите во Хонг Конг, град под кинеска управа.
Иако твитот брзо беше избришан предизвика остри критики во Кина, а CCTV, кој ги поседува ексклузивните права, веднаш престана со емитување на НБА натпреварите.
Бојкотот се продолжи на повеќе од 28 месеци, со еднократна пауза за финалето во 2020.
Ново на Сител
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО