Кошарка
3. May 2019 - 14:45

НБА: Незгоден пораз на Торонто во Филаделфија

Кошаркарите на Филаделфија водат 2-1 во полуфиналната серија во плејофот, во Источната конференција. Првиот меч што во оваа серија го одиграа на домашен терен, играчите на Филаделфија го добија 116:95.

Домашните играчи од почетокот до крајот беа тие што го диктираа ритамот. На почетокот на втората четвртина стекнаа двоцифрена предност (39:29), а на полувреме водеа 64:53.

Разликата ја одржуваа во третиот период, а во решавачката четвртина влегоа со предност од осум поени. Серијата од 11:1 со која домашниот тим се одлепи на 100:82, а потоа уште една така серија за 110:84, ставиви точка на натпреварот.

Џоел Ембид беше најефикасен со 33 поени, 10 скока и 5 блокади, Џими Батлер забележа 22 поени, 9 скока и исто толку асистенции. Каваи Ленард со 33 поени ги предводеше Репторси.