Кошарка
29. January 2017 - 10:51

НБА: Нова „фантазија“ на Г.Стејт и Кари

Кошаркарите на Голден Стејт прикажаа уште една фантастична партија и го декласираао ЛА Клиперс, овој пат совладувајќи го со убедливи 144:98. Повторно ѕвезда на вечерта во 6. победа во серија беше Стеф Кари буквално си поигруваше со противникот, во третата четвртина постигна 25 поени од вкупните 43 поени (9-15 за три). За 28. минути во игра додаде девет скока и шест асистенции. Кевин Дурент додаде 13 поени и седум асистенции, додека Клеј Томпсон застана на 16 поени.

https://