-->
-->
НБА плеј оф: Мајами поведе во серијата против Торонто
-->
Кошаркарите на Мајами поведоа со 1-0 во полуфиналето на „Исток“ против Торонто, додека првакот Голден Стејт ја искористи предноста на домашен терен за водство од 2-0 против Портланд. Мајами имаше предност во финишот на дуелот но Кајли Ловри постигна тројка за изедначување 90:90. Сепак гостите и во продолжението беа поефикасни пред се благодарение на Горан Драгиќ и Двејн Вејд, кои дуелот го завршија со 26 односно 24 поени. Мајами победи со 102:96 и поведе во серија со 1-0.
Шампионот Голден Стејт ја искористи предноста на домашен терен и по вторпат го победи Портланд 110:99. Решавачката предност Голден Стејт ја направи во последниот период што го доби со 34:12. Клеј Томсон со 27 поени беше најефикасен во редовите на шампионот, а дури пет играчи имаа двоцифрен број поени. Кај Портланд најпрецизен беше Дамиан Лилард со 25 поени.
Вечерва се играа дуелот број 2 меѓу Кливленд и Атланта, а водство од 1-0 во победи има Кливленд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска