-->
-->
НБА: Пол Пирс замина во легендите
-->
Легендата на Бостон Селтикс, Пол Пирс, се врати во „ТД Гарден“ како играч на ЛА Клиперс и на теренот каде ги оствари најголемите успеси стави крај на својата професионална кариера.
Пол Пирс пред 18 години, на 5.февруари, прв пат се појави во стартната петорка на Бостон, а судбината му одреди на истиот ден и да ја заврши блескавата кариера.
Пирс започна во стартната петорка на ЛА Клиперс, а малку недостасуваше во својот последен меч „ТД Гарден“ да го напушти без постигнат поени, но тоа му успеа на 11 секунди пред крајот кога постигна тројка, што предизвика ерупција од задоволство и радост на трибините.
Пол Пирс, 15 години играше за Бостон и успеа да стане легенда на една од најпознатите и најтрофејни НБА франшизи. Тој е втор на листата на најдобри стрелци во клупската историја, пред него е само уште еден легендарен кошаркар, Џон Хавличек.
Пирс во 2008 година го оствари сонот кога ја освои единствената титула во кариерата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред