Кошарка
22. February 2019 - 11:31

НБА: „Ракетите“ запрени од Леброн и компанија

Koшаркарите на ЛА Лејкерс конечно победија и тоа благодарение на кам-бекот на Леброн Џејмс . Лејкерси го поразија Хјустон со 111:106.
Леброн Џејмс беше најефикасен кај Лејкерс со 29 поени, 11 скока и 6 асистенции, а одлична партија имаше и Инграм со 27 поени и 13 скока.

Кај „ракетите“ Џејмс Харден повторно постигна 30 поени и ја продолжи серијата со 30 или повеќе поени, веќе на 32 натпревари во низа.