-->
-->
НБА: Томпсон го „засени“ Кари
-->

Осум натпревари се одиграа во НБА лигата, на шест од нив победи забележаа тимовите кои беа домаќини. Гостински победи забележаа само ЛА Клиперси во Атланта (85:83) и Оклахома во Минеаполис (126:123).
Деандре Џордан со 13 поени и 19 скоови, односно Крис Пол со 11 поени и 10 асистенции ги предводеа Клиперси до победата во Атланта, каде најефикасен беше Пол Милсап со 14 поени, на кои придодаде 12 скокови.
Кевин Дурент постигна 27 поени, а Расел Вестбрук имаше учинок од 24 поени, 15 поени и осум скокови, во триумфот на Оклахома кај Минесота 126:123. Минесота ја предводеше Зек Лавин со 35 поени.
Голден Стејт забележа уште една убедлива победа 127:107 во дуелот со Далас. Стеф Кари мечот го заврши со скромни 14 поени, но блескаше Клеј Томпсон кој постигна 45 поени (7/12 за три).
Сан Антонио се рехабилитираше од катастрофалниот пораз во дуелот со Голден Стејт и славеше убедливо над Хјустон 130:99. Ламаркус Олдриџ оствари ‘дабл-дабл’ од 25 поени и 10 скокови, а Грин и Ленард постигнаа по 18 поени.
На останатите средби: Кливленд го победи феникс (115:93), Детроит славеше над Филаделфија (110:97), Бостон го победи Денвер (110:103), а Јута го декласира Шарлот (102:73).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
-

Адвокати бараат да прекине судењето за пожарот во „Пулс“
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
