НБА: Вашингтон славеше во Бостон по две продолженија
Д
Драма во два продолжетоци се одигра во Бостон каде на крајот дербито на Источната конференција им припадна на кошаркарите на Вашингтон кои славеа со 125-124.
Џоди Микс, на 2,6 секунди до крајот на мечот, постигна тројка за израмнување и продолжение. (106:106)во кое тимот од престолнината на САД беше блиску до победа, меѓутоа Џејсон Тејтум на 3,1 секунда израмни на 115:115, а потоа не го реалзира слободното фрлање за победа.
Бил го предводеше Вашингтон со 34 поени, 7 скока и 9 асистенции, Маркиф Морис постигна 20 поени, а Ото Портер забележа 18 поени и 11 скока.
Бостон на овој натпревар играше без Кајри Ирвинг и Ал Хорфорд. Селтикс го имаше братот на Маркиф Морис од Вашингтон, Маркус со 31 поен, Тери Розијер забележа 21 поен и 9 асистенции.
Бостон е втора екипа на Истокот со 46 победи и 22 порази, а Вашингтон во моментов е на петтото место со 39 победи и 30 порази.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
