-->
-->
НБА:Клиперси подобри од Лејкерси
-->

Божикната програма во НБА-лигата донесе неколку интересни натпревари, Клиперс го доби дербито против Лејкерс, а изненадувачки порази забележаа Хјустон и Денвер.
Клиперс го доби и вториот сезонски дуел со Лејкерс. Во „Стејплс центарот“ екипата на Док Риверс забележа победа 111:106. Лејкерс ја имаше предноста во најголемиот дел од натпреварот, меѓутоа лошо ги одигра последните минути, му дозволи на противникот да надомести минус од седум поени и на крајот да победи.
Кавај Ленард го предводеше Клиперс со 35 поени, 12 скока и 5 асистенции, Монтрезл Херел забележа 18, а Пол Џорџ 17 поени.
Кај Лејкерс, Леброн Џемјс беше на скок до трипл-дабл (23 поени, девет скока, 10 асистенции), Кајл Кузма забележа 25, а Ентон Дејвис 24 поени.
Големо изненадување направи Голден стејд Вориорс со победата над Хјустон Рокетс 116:104. Вориорс против фаворитите ја забележа осмата победа во сезоната. Вориорс успеа да го запре првиот стрелец во лигата Џејмс Харден, кој за негови стандарди постигна скромни 24 поени. Хјустон го предводеше Расел Вестбрук со 30 поени и 12 скока.
Кај Вориорс се истакна Демион Ли со 22 поени и 15 скока, односно Дианџело Расел и Дрејмонд Грин со по 20 поени.
Шокантен пораз во „Пепси центарот“ во Денвер доживеа Нагетс од Њу Орлеанс Пеликанс. Пеликаните ја прекинаа серијата порази благодарение на Брендон Инграм, кој постигна 31 поен. Кај Денвер се истакна Никола Јокиќ со 23 поени и 10 скока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
-

Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години
-

Од следната недела значително намалување на цените на бензините - очекува Мицкоски
-

Мицкоски: Раст на индустријата од 7,5% во април, тоа е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее
