Кошарка
2. November 2017 - 10:26

НБА:Нови порази на Чикаго и Кливленд

Залудни беа 33-те поени и 11-те асистенции на Леброн Џемјс кога Кливленд го забележа и петтиот пораз од стартот на сезоната. Коњаниците на домашен терен загубија  од Индијана со убедливи 124:107. За Кливленд ова е четврти пораз во низа и со скор од 3-5 се на долниот дел од табелата во Источната конференција.

И Чикаго оваа сезона игра под своите можности. Поразот број пет го забележаа на гостувањето кај Мајами 97:91. Булси имаат само една победа и се заковани на дното.

Кај Индијана се истакнаа Јанг со 26 поени и Колинс со 25 поени беа најефикасни.