НБРМ промовираше две публикации од централнобанкарското работење
Народната банка на Република Македонија по повод 70-годишниот јубилеј денеска ги промовираше публикациите „Библиографијата за централнобанкарското работење во Република Македонија: 1946 - 2016“ и „Научната мисла во НБРМ:1992-2015 (преглед на научни трудови)“.
Публикациите содржат научни трудови и магистерски и докторски дисертации во кои се третираат различни аспекти од централнобанкарското работење. Во нив се наоѓаат трудови кои третираат теми за монетарното осамостојување на Македонија се до современи теми од централнобанкарското работење.
Библиографијата за централнобанкарското работење во периодот од 1946 до 2016 година е поделена на два дела при што во првиот се поместени 740 публикации, магистерски и докторски дисертации, а во вториот дел се наоѓаат 1.250 статии и прилози објавени во весници.
Публикацијата „Научната мисла во НБРМ: 1992 - 2015“ содржи три дела. Во првиот дел се наоѓаат 119 монографски публикации, во вториот 245 статии и прилози, додека третиот дел го сочинуваат 110 магистерски и докторски дисертации на вработени во Народната банка.
Според гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, двете публикации укажуваат на богат и разновиден истражувачки материјал од различни области на економијата поврзани со централнобанкарското работење.
- Резултатите во областа на научно-истражувачката дејност не се случајни. Отсекогаш сме внимавале на квалитетот на кадрите, на нивната постојана надградба во текот на работењето, што во современи услови на динамично опкружување, е предуслов за следење и приспособување кон трендовите во централното банкарство. Во последните години посебно сме активни во поттикнувањето на истражувачката активност, но и во обидите за нејзино поголемо приближување до јавноста, истакна Богов.
Тој додаде дека НБРМ и во иднина ќе продолжи да биде во чекор со научната мисла.
Промоторите Љубе Трпески и Глигов Бишев оценија дека публикациите се значајни и изразија надеж дека тие ќе претставуваат основно честиво за секој научен истражувач, магистрант или докторант.
Ново на Сител
-
Политичари без двојни државјанства
-
Државата ќе ја плаќа каматата за унгарскиот кредит за фирмите
-
Заврши „есенската кошница“
-
АХВ: Не постои сериозна опасност за ширење на птичји грип од скопско Злокуќани
-
Дигитален мост - собраниски хакатон
-
Фотоволтаици на сите училишта и градинки, Општина Центар лидер во иновативни проекти
-
Преглед на вести од светот
-
Потребни се уставните измени за старт на преговорите со ЕУ, повтори амбасадорот Рокас