Не е како што го гледаме на икони - Еве како изгледал Исус Христос
Во многу култури, Исус Христос најчесто е опишан како многу повисок во однос на своите ученици, слаб, со долга смеѓа коса, светла кожа и очи. Колку и оваа слика да ни е позната, дефинитивно е погрешна, тврдат експертите.
Личноста со вакви црти на лицето и физички карактеристики, би се разликувала од сите останата од поднебјето во времето кога живеел Исус. Сигурно авторите на Библијата ќе ја спомнеле таквиот физички контраст.
Во недостаток на докази за физичкиот изглед на Исус, останува само приказот од уметничките слики.
Сепак, научниците кои се занимаваат со форензичка антропологија можат да дадат одговор. Британските научици, во соработка со израелски археолози, ја рекреираја сликата за која се верува дека е најверодостоен приказ на најпознатиот лик од човечката историја.
Ричард Нив, уметник кој реконструира лица и работи во Универзитетот во Манчестер, сфатил дека за да се прикаже најреалното лице на Исус, треба да се знае генетика, како и човечкиот раст и развој.
Врз основа на три добро сочувани скелети од тоа време, Христос најверојатно изгледа вака:
Ново на Сител
-
Целосна забрана за пиротехника во затворени простории и повисоки казни денеска пред пратениците
-
Тројца пациенти кои се лекуваат во странство и натаму се во критична состојба
-
СДСМ: Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски?
-
Таравари: Коалицијата ВРЕДИ останува дел од владата иако има одредени несогласувања
-
Одржливо управување со отпадот на локално ниво - проект финансиран од Шведска
-
Охрид поголем наплив на гости очекува за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“