-->
-->
Не ги очекуваа: Ова се новите станари во „Големиот Брат“
-->
Вчера куќата на Големиот Брат ја напушти Бранџа , но затоа влегоа двајца нови станари кои направија конфузија помеѓу станарите. Запознајте ги профилите на новите станари.
Тренер по пливање и фитнес инструктор
Џорџе е роден 6.5.1986 година. До 19 години живел со родителите и сестрата во Нов Варош, а потоа се запишал на Факултет за спортко и физичко воспитување во Белград каде и денес живее. Веќе 4 години е апсолвент. Не стигнува да дипломира од многуте обврски и работи со кои се занимава, но и од бурниот ноќен живот поради што го засакал Белград.
Џорџе е тренер по пливање и персонален тренер, иако често обавува по неколку работи во еден ден. Работел на градилиште, во канцеларија, продавал парфеми и телефони. Бил и професионален ракометар, но поради повредата на лигаментите морал да ја заврши кариерата. Ако се иде по планот, во почетокот од следната година поради работа заминува во Дубаи.
Џорџе не може да го замисли животот без ноќните излегувања. Излегува секојдневно, лето и зима, не постои белградски клуб, сплав или кафуле кој не го посетил. На прашањето како спортските активности ги комбинира со ноќниот бурен живот, Џорџе низ насмевка вели дека „спортистите се најлоши деца“.
Кога ќе влезел во некој клуб, како на слава, се бакнува и се поздравува со сите. опседнат е патики, секој месец купува по барем по еден пар патики.
се навикнал со годините да живе сам, но пред една година неговите родители се преселиле во Белград и сега живее со нив. Иако се премногу либерални, и понатаму се изненадени од темпото на живеење на нивниот син. Џорџе не спие повеќе од 5 часа на ден и секогаш е полн со енергија.
Татко му изјавил дека продуцентите на Големиот Брат се луди ако не земат будала како што е неговиот син!
За 10 години , Џорџе себе си се гледа како мал предузимач, би отворил фитнес центар парите што ќе ги заработи во Дубаи или во „Големиот Брат“. Имал две озбилни врски, неозбилнит не ги брои.
Неговото мото е: Живеј го секој ден како да е последен.
Спремна е се за слава
Јозефина е негувателка во дом за стари лица загрепската населба, Сесвета. Има 23 години, мажена е и мајка на едно дете.
Обожава камери, бескрајно ужива во флертот и инсистира на тоа да биде во центарот на вниманието. Гори од желба луѓето да ја препознаваат на улица. спремна е на апсолутно се, од неа може се да се оќекува, а за слава е во состојба да направи се она што ќе процени дека е потребно за да дојде до својата цел.
Смета дека родена да стане ѕвезда! А во куќата на „Големиот Брат“ влегува за да направи целосна конфузија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество